Заедно во изолација: По Чуктераш, уште една српска пејачка позитивна на Ковид-19

фото: Nikola Tomić / ATA Images

- До вчера се чувствував добро и не знаев, но денес веќе почнав да го чувствувам првиот симптом - изјави вчера пејачката Милица Тодоровиќ, за Телеграф

По објавувањето дека Славица Чуктераш има коронавирус, Телеграф.рс открива дека Милица Тодоровиќ исто така добила позитивен резултат на тестот.

Со оглед дека последниве неколку дена се дружи со Славица Чуктераш, кога дознала дека е заразена, Милица веднаш се тестирала и резултатот покажал дека и таа е заразена.

- Направив тест кога направи и Славица, затоа што последниве неколку дена сме заедно и тестот покажа дека сум позитивна - рече Милица, која во моментов од симптоми има покачена температура.

- До вчера се чувствував добро и не знаев дека имам коронавирус, но денес веќе започнав да го чувствувам првиот симптом - температурата - објасни таа за Телеграф ЈЕТСЕТ.

- Јас сум во домашна изолација, заедно со Славица, се придржуваме кон сè што ни препиша лекарот и ќе биде така сè додека не се чувствуваме подобро и тестот покаже дека сме негативни - заклучи Милица.

извор:telegraf.rs