Заев: Од Србија ќе купиме 8.000 дози од Фајзер по набавна цена

Прмеиерот Зоран Заев денеска пред новинарите рече дека Македонија ќе купи 8.000 дози од вакцината Фајзер против Ковид-19 по набавна цена. Тие биле понудени од српскиот претседател Александар Вучиќ како донација, но претседателот на македонската влада рече дека била одбиен предлогот за толкав степен на великодушност.

Тој рече дека во моментов се водат преговори и за руската и кинеската вакцина, кои че пристигнат во Србија во изобилство, но за тоа треба да се проверат договорите дали Србија има право да ги дава на трети земји.

- Сакам да ја споделам оваа среќна вест. Рразговаравме со српскиот претседател Вучиќ и ја прифативме понудата за превземање на 8.000 дози од фајзеровите, а за другите тие прво ќе видат во договорите дали ќе може тоа да го направат за друга земја. Сакам да се заблагодарам до српскиот народ што солидарно сакаат да споделат со својот јужен сосед. Иако ни беше понудено како донација, ние ќе ги купиме по набавна цена затоа што имаме пари за тоа, рече Заев.

Повеќе информации за вакцините кои Владата планира да ги купи од Србија, прочитајте на Фактор.мк

Фото: Фактор.мк