Загарантиран поврат на средства со American Express Point дебитна картичка

Добивај вести на Viber

Започнувајќи од овој месец дебитната картичка American Express Point издадена од Силк Роуд Банка АД Скопје станува единствена дебитна картичка во државата која нуди загарантиран поврат на средства со сите трансакции направени на територија на Република Северна Македонија.

Имено, со секоја трансакција направена со картичката добивате 1% загарантиран поврат на средства (“кешбек”) при сите направени купувања и трансакции во државата, освен за трансакции направени кај трговци кои се веќе вклучени во  „Твој Бонус“ програмата за поврат на средства.

”Со оваа нова можност која ја нуди American Express Point дебитната картичка, за прв пат во земјата една дебитна картичка нуди загарантиран поврат на средствата, во вид на cashback. American Express картичките се препознатливи по Твој бонус програмата која нуди поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај одредени трговци, а сега со оваа нова можност која ја нуди eдинствено American Express Point картичката при плаќање со истата кај сите трговци кои го прифаќаат American Express брендот, корисниците добиваат загарантиран 1% поврат на средствата со секоја направена трансакција. Со воведувањето на оваа можност, се надеваме дека ќе го подигнеме задоволството на корисниците на картичките од причини што практично со секоја трансакција, клиентот добива дополнителен бенефит со плаќање со картичката. Се надеваме дека во иднина American Express Point картичката ќе стане главниот избор за плаќање со дебитни картички на граѓаните, а особено имајќи ја во предвид законската регулатива која оневозможува плаќање во готовина на поголеми износи”, изјави Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички во Силк Роуд Банка АД Скопје.

American Express Point  e дебитна картичка за физички лица директно поврзана со средствата од личната трансакциска сметка на корисникот. Со користење на картичката добивате пристап до вашата трансакциска сметка, ви овозможува подигнување на готовина на сите банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка во земјата, подигнување на готовина во повеќе од 600.000 банкомати во светот, пристап до единствената „Твој Бонус“ програма за поврат на средства и СМС нотификација за секоја направена трансакција со картичката.

Дополнително, со секоја трансакција со картичката, банката донира по 5 денари за потребите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, согласно со проектот  Наша Донација со секоја трансакција“.

Аплицирањето за American Express Point дебитна картичка е бесплатно и се врши со валиден документ за идентификација во експозитурите на банката.

Повеќе информации за картичката може да добиете на веб страната на банката, во некоја од експозитурите или на телефонскиот број 02/3203-555.