ЗАЉУБЕНИОТ ПРИНЦ ХАРИ: Со овој гест покажал колку ја сака Меган

Добивај вести на Viber

Иако поради неговото бунтовничко однесување наназад неколку години, малкумина веруваа дека принцот Хари некогаш ќе се смири и ќе пронајде животна партнерка со која ќе се скраси, се сѐ промени кога во неговиот живот влезе американската актерка Меган Маркл.

А колку е сигурен во нивната љубов и колку верува дека нивниот брак ќе трае засекогаш говори и податокот дека одбил да потпише предбрачен договор, со кој би го обезбедил своето богатство, кое се проценува на 30 милиони фунти.


„Никогаш не ни размислувал дека ќе потпише предбрачен договор. Убеден е дека ова ќе му биде прв и единствен брак и затоа не сака ништо да потпишува“, рекол близок пријател на принцот Хари . Се тоа го покренале гласините дека кралското семејство сака да се осигура дека Хари нема да ги загуби своите милиони, посебно затоа што Меган веќе има брак зад себе, со филмски продуцент.

Со овој гест Хари продолжил да оди по ист пат како својот постар брат принцот Вилијам, кој исто така одбил да потпише предбрачен договор со Кејт Мидлтон. И двете постапки ја зачудиле јавноста , посебно бидејќи е познато дека нивната мајка, принцезата Дајана никогаш не потпишала ист, па подоцна морала да се бори со принцот Чарлс и со разводот и припаднале 17 милиони фунти како и дополнителни 400 илјади фунти годишно.