Замрзнат зеленчук: Здрав е за консумирање или не?
Свежиот и суров зеленчук се секако најсигурен извор на хранливи материи, витамини и минерали, а прашање е како консумирањето замрзнат зеленчук влијае на нашето тело.
Замрзнат зеленчук е прифатлива и соодветна алтернатива на здравиот зеленчук, бидејќи има подолг рок на траење.
Ако зеленчукот се замрзне веднаш по бербата, обично задржува многу хранливи материи.
Една студија покажа дека замрзнат зеленчук може да го задржи својот фитохемиски состав до 2 месеци.
Сепак, студиите покажуваат дека замрзнувањето може различно да влијае на хранливата вредност на различен зеленчук. На пример, замрзнатата брокула содржи повеќе рибофлавин во споредба со свежата брокула, додека намалување на витамини е забележано кај грашокот за време на замрзнување.
Докажано е дека замрзнат грашок, морков и спанаќ содржат пониско ниво на бета-каротин во споредба со свежиот зеленчук.
Исто така, замрзнатиот прокељ содржи поголема количина на антиоксиданти од свежиот.
Содржината на витамин Ц во одредени зеленчуци може да се намали за 10 до 80 проценти за време на процесот на замрзнување, со просечна загуба на хранливи материи од околу 50%.
Други методи за готвење, како што се подготовка во врела вода, пржење и подготовка во микробранова печка, можат да предизвикаат губење на хранливи материи. Истото важи и со конзервиран зеленчук.
Кога купувате замрзнат зеленчук, секогаш е важно да ја проверите декларацијата на пакувањето.
Иако повеќето замрзнати зеленчуци се без адитиви и конзерванси, тие може да содржат дополнителен шеќер или сол. Исто така, спакуваниот замрзнат зеленчук може да содржи разни сосови, адитиви или засилувачи на вкус, дополнителна количина на натриум, масти и калории.
Ако сакате да изгубите тежина, тогаш е важно да консумирате чист замрзнат зеленчук без висококалорични сосови. Луѓето со висок крвен притисок треба да избегнуваат зеленчук со голема содржина на натриум и сол.
Консумирањето на замрзнат зеленчук може да биде одличен начин за вклучување на хранливи материи во вашата исхрана, вклучувајќи растителни влакна, антиоксиданти, витамини и минерали.
Сепак, секогаш давајте предност на свежо берен зеленчук ако сакате да ги искористите сите придобивки од овие здрави јадења.
Зеленчукот во исхраната го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, дијабетес тип 2 и многу други болести.
извор:glossy.espreso