Започна пријавувањето за 12-тото издание на најпознатата „Авицена Женска Трка“

Добивај вести на Viber

„Авицена Женска Трка“ дванаесет години по ред е симбол за мотивација и успех, за постигнати резултати и поставени нови цели, како и за здрав и правилен животен стил. Од година во година „Авицена Женска Трка“ семејството брои сѐ повеќе членови, односно со секое наредно издание се зголемува бројот на учеснички. Минатата година, 2.939 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија.

Традицијата продолжува и оваа година, кога во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 7ми април ќе се одржи  12-тото издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА“.


Пријавувањето за трката започнува од денеска 20.02.2024 и ќе трае до 02.04.2024 и право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст.

Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“ со должина од 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. По истрчаните 3 километри ќе се прогласат најдобрите, а потоа следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички и доделување подароци обезбедени од партнерите на трката.

Подготвени се и репрезентативни маици со логото на трката, кои ќе може да се купат при самиот процес на регистрација.

Сите дами кои ќе учествуваат на овогодинешната „Авицена Женска Трка“ своите стартни броеви и стартни пакети ќе може да ги подигнат на 5ти и 6ти април, од 11.00 до 18.00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.

Пријавувањето и регистрацијата за „Авицена Женска Трка 2024“, може да се направи преку официјалната веб страница, односно на следниот линк https://zenskatrka.mk/prijavuvanje/ .

Организаторите на настанот ги охрабруваат сите жени да се пријават на трката и им посакуваат одлични резулатати.


*Пр објава