Започнала жешка афера со шефот, па од мачен живот направила бајка: Еве како од обична шивачка станала милијардерка

Денес, Флора Перез Маркот ја води компанијата „Зара“ во Шпанија и важи за една од најуспешните жени во светот на модната индустрија. Сепак, патот по кој стигна до самиот врв на модната индустрија не беше баш така гламурозен.

Имено, Флора на почетокот работела во текстилна фабрика како шивачка, но со текот на годините успеала да се искачи на водечка позиција во групата „Индитекс“ основана од Аманисио Ортега, за кој Флора на крајот ќе се омажи. 

Имено, Аманасио ја отвори својата прва продавница во 1975 година, која подоцна се разви во светски познатиот моден бренд „Зара“. Неговата компанија „Индитекс“ е сопственик на неколку познати модни брендови.

Флора Перез Маркот потекнува од провинцијата Ла Коруња и пораснала во големо семејство, со седум браќа и сестри. Работниот век Флора најмногу го поминала во текстилната индустрија во различни фирми на групацијата „Индитекс“. Додека работела во фабриката, таа се запознала со Аманасио, кој бил во брак со Розалија Мера, со која имал две деца, синот Маркос и ќерката Сандра. Розалија животот го посветила на семејството и децата, особено на синот Маркос, кој боледувал од церебрална парализа. Заедно, Розалија и Аманасио го започнале она што денес е познато како вистинска модна империја во Шпанија. Флора била вработена во нивната компанија, а средбата со Аманасио и го променила животот засекогаш. 

Имено, и покрај тоа што бил во брак, тоа не ги спречило Аманасио и Флора да влезат во љубовна врска. Нивната тајна врска била откриена во 1984 година кога Розалија дознала дека нејзиниот сопруг очекува дете со Флора, што на крајот резултирало со развод за кој многумина велат дека е еден од најскапите во историјата на Шпанија. Имено, Розалија на поранешниот сопруг за измама му наплати дебело и стана една од најбогатите жени во Шпанија. Во меѓувреме, Флора со бракот им обезбеди светла и сигурна иднина на членовите на семејството, поставувајќи ги тројцата браќа и деверот на раководни позиции во компанијата „Индитекс“. 

Покрај успешното водење на „Зара“, денес Флора е и потпретседател на фондацијата „Amanasia Ortege“ која се занимава со хуманитарна работа.


Фото: Профимедиа

Извор: најжена