Заработувала повеќе и од него: Која е сопругата на Џибони?

Златан Стипшиќ или познат како Џибони во една прилика откри дека на почетокот на неговата кареира не заработувал доволно пари, па го прехранувала неговата сопруга Сања, која тогаш заработувала неколку десетици илјади марки. Целото семејство живеело од платата на неговата сопруга.

Со Сања се познаваат од детство, во брак се повеќе од 20 години и се родители на ќерката Тања и синовите Лоренцо и Рандо.

Џибони ја наследил љубовта кон музиката од својот татко Љубе Стипшиќ Делмате, но тој и татко му се разликуваат по едно нешто. Имено татко му ретко и давал на мајка му да ги преслуша неговите песни, додека Џибони и дозволува на својата сопруга да му ги критикува песните.

- Понекогаш пишувам за неа, за нашата врска. Сања ми дозволува, бидејќи таа знае дека ќе сокријам некои работи. Пишував и за развод, но тоа беше инспирирано од блиски луѓе и нивните искуства - додава Џибони.

Сопругата на Џибони е тивка и ненаметлива, не сака да се експонира во јавноста и го придружува само на посебни јавни настани.