„Завој“ фустан за одличен изглед: Водечки тренд од 2000-тите

Добивај вести на Viber

Од фармерки со ниска половина, преку мотиви на пеперутки до очила без рамка, трендовите од раните 2000-ти полека, но сигурно ја освојуваат модната сцена.

Оваа сезона фокусот ќе биде ставен на таканаречениот „завој“ фустан што ја прави сечија фигура послаба. Без сомнение, во овој модел секоја жена ќе изгледа одлично.


Овој модел е дизајниран од француската модна куќа Hervé Léger, а го прослави Викторија Бекам. Ако ги погледнете фотографиите од тој период, ќе забележите дека таа беше голем обожавател на овој модел.

Освен неа, на овој фустан не успеаја да одолеат и други ѕвезди, па често можевме да го видиме на црвениот тепих.


Годинава повторно го освојува модниот трон и станува актуелен. Модните експерти велат дека секоја жена со стил мора да има барем едно вaкво парче.


Извор: stil.kurir.rs