Заврши животот полн со тага и болка : Оливија Њутн-Џон почина по 3 децении долга битка со ракот

фото:profimedia

Оливија Њутн Џон, познатата актерка и пејачка, ѕвездата од филмот „Брилијант“ почина на 73-годишна возраст по битката со ракот на дојката која траеше повеќе од 30 години.

- Почина мирно на својот ранч во Јужна Калифорнија, утрово, опкружена со семејството и пријателите - стои во соопштението до јавноста.
Семејството побара медиумите да ја почитуваат нивната приватност во овој тежок период.


За прв пат ѝ бил дијагностициран рак во 1992 година, додека во 2019 година актерката објави дека е во четврти стадиум од оваа сурова болест.

Многу ѕвезди, меѓу кои нејзиниот колега и голем пријател Џон Траволата, со кој глумеше во култниот филм „Брилијант“, се огласи на социјалните мрежи за тоа колку тешка му била нејзината смрт.

„Најдрага моја Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме на пат и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Џон Траволта покрај фотографијата на Оливија.


Во 1978 година, Оливија и Траволта глумеа во познатиот „Брилијант“ во режија на Рандал Клајзер. Таа беше Сенди Олсон, а тој Дени Зуко. Филмот постави стандарди на многу полиња, а донесе и бројни култни сцени и реплики кои публиката сè уште не ги заборава, додека помладите генерации со задоволство го гледаат безвременскиот филмски хит од некои минати времиња.

Оливија Њутн-Џон и Џон Траволта повторно се обединија во 2019 година по повеќе од 40 години од снимањето на легендарниот филм, облекоа костими од филмот „Брилијант“ и се сликаа со фановите!


Да потсетиме дека четирикратната добитничка на Греми наградата, која во седумдесетите години ја освои публиката со својот изглед како „девојка од соседството“, а во осумдесетите изненади со сексапил и покажа дека зад нејзината весела надворешност стои силна жена која минувала низ тешки животни искушенија.

Банкротот, смртта на нејзиниот татко и нејзиниот сакан кум кој се разболел од рак, сопствената битка со ракот на дојката, распадот на нејзиниот единаесетгодишен брак и исчезнувањето на нејзиниот сакан партнер, ќерка ѝ се бореше со анорексија - се само некои од големите неволји што ги снашле познатата актерка.

фото:profimedia

Нејзината мајка, Германката Ајрин Хелен, била ќерка на познатиот физичар и добитник на Нобеловата награда Макс Борн, додека нејзиниот татко Бринли бил Велшанец и професор по германски јазик во Мелбурн. Иако имала академски образовани предци, Оливија била заинтересирана само за пеење уште од рана возраст.

- Моите родители се разведоа кога имав десет години. Ние, децата, се преселивме во стан со мама. Тоа беше тежок период во мојот живот. Кога имав 14 години, мајка ми ми ја даде првата гитара, а следната година основав бенд со уште три девојки. На 15 години победив на натпреварот за таленти Sing Sing Sing, а наградата беше патување во Англија. Го напуштив училиштето и решив да градам кариера во музичката индустрија. Мислам дека изборот меѓу образование и пеење беше потежок за моите родители отколку за мене. Јан Турпи во тоа време ми беше дечко и секогаш ја поддржуваше мојата желба да станам пејачка – изјави тогаш таа.

извор:GLOSSY/stil.kurir/mondo