ЗАВРШУВА ИГРАТА
Колку и да сакаме
настаните во животот да ги контролираме, тие си фаќаат сопствен правец и тек.
Така е и со луѓето. Колку и да му посакуваме среќна иднина на некој наш близок,
таа никако да се случи. Така беше и со мене. Откако Весна ми кажа за несреќата,
која што му се случила на Боро, не можев да ја извадам од памет. Цело време во
себе ја мислев Весна: „Ех, моја Весна. Не ти е судено ни ова. Таква ти е
среќата. Очекував да го среди станот и јас додека да завршам со студии, да се
среди со Боро“.
Отидов в соба да спијам. Солзите ми течеа сами, не можев да ги сопрам. Му пишав порака на Марко. Ми врати порака дека навистина му е жал за Боро, дека го болела главата и дека утре наутро ќе се слушнеме.
Размислувајќи донесов заклучок, сепак, треба да се почека и така не можеме ништо да направиме, немоќни сме. Заспав молејќи се за Боро. Можеби ќе му се подобри здравствената ситуација.
Утредента кога се разбудив, Весна се подготвуваше за на работа. Таа ме погледна в очи бидејќи беше свесна дека ги мислев и неа и Боро и ми рече: „Милка, што и да се случи обврските мора да течат нормално. Сношти бев многу вознемирена. Легнав и не можев да спијам. Но, размислив добро и сфатив. Колку и да мислиме, ништо не зависи од нас. Што треба да биде, ќе биде. Мора да се живее и да се заработува. Треба станот да се среди и да се вселиме побрзо, а за тоа потребни се пари. Морам да работам. А и ти исто. Јас излегувам, ти среди се и дојди на работа“.
Кога излезе, му се јавив на Марко да го прашам како е. Многу често имаше главоболки. Не знам што се случува, но сепак редно е да оди на лекар. Беше весел, не го болеше главата и се подготвуваше да оди на работа. Инаку, Марко веднаш, повторно, ми кажа дека му е жал за Боро. По работа, Марко ме покани да одам кај него. Неговите отишле кај некои пријатели, кои имале куќа близу езеро за да се релаксираат. Со нив ќе одела и сестра му. Ми се подобри расположението откако се слушнав со Марко и помислата дека ноќта ќе ја поминеме заедно двајцата, сами.
Кога отидов во салонот, сите се обидуваа да ја расположат Весна, па дури и Александра. Изненадувачки беше тоа што Александра се носеше со ситуацијата. Беше смирена и таа со останатите сочувствуваше со Весна. Ми беше мило за Александра. Меѓутоа, Весна се држеше и не дозволуваше многу вознемирување. Таа им рече: „Сакав само да ве известам за моменталната ситуација. Секакви настани ни се случуваат и треба да се изнајде начин да се издржат. Сè тоа заедно се вика живот. Деновите што следат јасно ќе ја расчистат ситуацијата“.
Приквечер, завршивме со работа и се сретнав со Марко. Се прегрнавме и си тргнавме накај неговиот стан. Многу сакав да одиме кај него и да бидеме сами. Уште по пат, фантазирав дека штом влеземе во станот заедно и во моментот кога ќе се затвори вратата, ќе ја отвориме вратата од нашиот сопствен мал свет, отклучувајќи го времето и просторот за уживање заклучувајќи сè друго од тоа. Бакнувајќи се со бујност, предавајќи се на секој допир, на секој заеднички бакнеж, всушност, задоволството е само наше.
Така и се случи. Влеговме и почнавме да се бакнуваме. По кусото разделување и посета на бањата, влеговме во спалната соба среќни, уверени дека сè додека сме таму, задоволни сме што сме изолирани и затворени во тој простор.
И двајцата бевме сосема голи. Марко се качи на спалната и легна на грб. Јас легнав над него и се бакнувавме страсно. Сакав јас да го милувам и да го смирам со моето топло тело. Моите фантазии секогаш се состоеја да го бакнувам секаде. Така и почнав. Му ги бакнував и му гризев неговите сочни усни, па се префрлив на увото, лицето, вратот, па назад кон усните и продолжив на другата страна, потоа, полека ги спуштав усните и јазикот до градите, па на рамената, пазувите, рацете и прстите.
Продолжив да се спуштам пониско, на папокот, го допирав неговото тело со моите испотени раце и ги следев трагите од моите бакнежи. Го сакам неговиот стомак, почнав да слегувам кон неговиот сладок „орган“, но го прескокнав.
Ги спуштав усните и јазикот на препоните, лесно ја лижев целата област. Се навратив на јајцата, ги лижев и ги цицав полека, нежно. Се спуштив на газот, нежно го лижев и му го бакнував. Не го допирав. Се кренав на бутот, спуштајќи се малку на нозете. Го лижев стапалото, го зедов секој прст во устата и нежно го цицав со јазикот. Уживав во неговите воздишки. Марко трепереше и беше спремен да води љубов.
Ме повлече накај него и ме крена во висина. Јас треперев и едвај чекав да навлезе длабоко во мене со неговиот тврд „орган“. Ги раширив нозете и бев подготвена бев за игра. Да, игра без музика! Нашите тела играа спојувајќи се со ритмички чекори. Воздухот беше густ од наелектризираните честички што ги испуштаа нашите споени тела и просто вибрираше околу нас. Еден со друг не спојуваше преголем копнеж, бесконечна страст и неизмерна љубов, што продираа во мене, во мојата вжештена внатрешност, во моето незаситно тело. По некое време, играта заврши. И двајцата бевме среќни и задоволни.
Почнав да зборувам глас: „Најмил мој, зарем е можно да постои ваква љубов како нашата, која ја нема ниту во романите, ниту во филм? Кои сме ние и со што заслуживме да имаме ваква безвременска љубов?“ Марко ми го стави прстот на уста и нежно ми кажа: „Шшт, секој си ги има петте минути во животот. Некој порано, некој подоцна“.
Влегов во бањата. По мене влезе Марко. Излезе тетеравејќи се и велејќи ми: „Не ми е добро. Нешто ми се стемни“. Притрчав кон него. Легна на спалната. Се стресов и отворив прозор. Таблетите за глава беа на масата. Веднаш му дадов таблета. Зедов лимон од фрижидерот и го исцедив. Му го дадов лимонот со малце вода во чаша да го испие. Тој само ми рече: „Ќе ми помине, да полежам малку. Ми пречи светлото“.
АНОНИМНА