Збогум: Елтон Џон го заврши своето музичко патување во Стокхолм, 6,25 милиони луѓе за последен пат го поздравија пејачот на неговата петгодишна проштална турнеја

Добивај вести на Viber

За време на петгодишната турнеја, која беше прекината поради пандемијата, настапите на Елтон Џон беа посетени од 6,25 милиони луѓе. Опкружен со обожаватели од целиот свет кои сакаа да го слушнат и видат својот идол на неговиот проштален концерт, по половина век настапи, Елтон Џон за последен пат ја воодушеви публиката во Стокхолм и им порача: Збогум!

Елтон Џон ја започна својата проштална турнеја во 2018 година, а заврши пет години подоцна во Стокхолм. Последниот концерт го отвори со една од неговите најпопуларни песни Bennie and the Jets, пренесуваат медиумите.

На последниот концерт беа изведени 23 песни од различни периоди од неговата долга кариера, меѓу кои Rocket Man, Tiny Dancer, I Guess That's Why They Call It the Blues и Philadelphia Freedom. Тој изведе три биса на кои ги отпеа Cold Heart, Your Song и Goodbye Yellow Brick Road.

Почит на Арета Френклин

-Да настапувам за тебе беше мојата причина за живот, а ти, ти беше апсолутно брилијантна. Беше магично. Се обидувам да сфатам што се случи, но мислам дека ќе помине некое време пред се да се среди, сега кога конечно ќе завршам со турнеите. Не можам да ти кажам колку ќе ми недостигаш и колку твојата поддршка ме направи понизен. Тоа ќе ми остане засекогаш“, изјави 76-годишниот музичар.

Кога започна песната I'm still standing, речиси 30.000 гледачи во Теле2 арената станаа на нозе.

За време на концертот, Елтон Џон и оддаде почит на Арета Френклин со тактовите на песната Border Song.

Елтон се збогува со публиката од целиот свет, и за последен пат на сцената кажа - Збогум!


Фото: eltonjohn/instagram