ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Зборови кои треба да си ги повторувате секое утро
За да внесете позитивни промени во вашиот живот, пробајте ја оваа едноставна утринска афирмација која го менува вашиот живот и носи позитивна енергија.
Многумина од нас мислат дека за да си успешен значи да бидеш постојано вработен. Но, животот не мора да биде постојана битка, предупредува Ферн Оливија, американска учителка на неколку холистички практики и автор на онлајн водичот Living Dream Workbook.
„Кога ни се чини дека целиот универзум се свртил против нас, треба да се запрашаме зошто толку тешко работиме, зошто сме толку исцрпени? Што буди радост во нас? Како да се забавуваме, како да го поедноставиме животот?" советува Оливија.
За да воведеме позитивни промени во нашиот живот, таа ја предлага нејзината едноставна утринска афирмација, за која вели дека радикално го променила нејзиниот живот и таа звучи вака:
„Подготвен сум да го направам мојот живот полесен и многу повеќе магичен отколку што можам да замислам".