Зборуваше дека сите ја копираат, сега таа копира: Карлеуша го “позајми“ изгледот на Ратајковски

Вчера ѝ беше роденден на српската самонаречена музичка дива Јелена Карлеуша. Го прослави 42-от роденден во нејзината луксузна вила на Дедиње, со раскошна трпеза и необична торта. 

Многу гости ѝ дојдоа на прославата, а Карлеуша носеше фантастичен бел долг фустан кој е гол во пределот на стомакот и ја истакнува нејзината совршена линија. 

Како највпечатлив моден додаток беа крилјата на главата. Исти вакви носеше светска манекенка Емили Ратајковски на Мет гала во 2019 година.

Јелена е позната по коментарите дека планетарно популарните ѕвезди ја копираат во стилот и во неколку наврати изгледа дека беше така, ама овојпат дали таа или Ратајковски нешто ќе искоментираат?