(ФОТО) Политички цензуриранa, јавно критикуванa: Јелена Карлеуша полни 42 години и тера по свое

Добивај вести на Viber

Секогаш кога мислите дека станало премногу здодевно на поп-сцената во Србија, Јелена Карлеуша е таму за да изненади и да и' обезбеди на публиката шоу програма. Жената која иако не објавила албум веќе десет години, се чини дека е попопуларна од кога и да било - а денес го слави својот четириесет и втори роденден.

Нејзината кариера беше проследена со љубов и приватни скандали, политички несогласувања со оние што се на власт, остри критики на едно општество заглавено во патријархатот што никогаш не можеше да прифати гола жена која не се срами од својата сексуалност и не се плаши да го каже она што го мисли во Србија.

Сепак, Карлеуша понекогаш се справуваше со ваквите критики со помалку - а понекогаш и со повеќе достоинство. И таа не ги промени ставовите. Од доцните 2000-ти, таа се обиде да го изгради своето име како што прават најголемите sвезди во светот - не само со музика и настапи, туку и со отворени, либерални коментари кои му пркосат на општеството.

Јелена Карлеуша го издаде својот прв албум во 1995 година, кога имаше само 16 години, и веднаш сфати дека за напредокот на сцената, особено во тоа време, беа поважни долгиот јазик, скандалите и атрибутите со кои се фалеше.

И денес, на 42 години, како времето да застанало за неа, па се уште важи за една од најпровокативните и најзгодни, ако не и најзгодна пејачка во Србија и пошироко.

извор:nova.rs
Ве потсетуваме на некои од нејзините модни изданија низ годините: