Здравата храна е новата мода: Нов тренд на социјалните мрежи или будење на свеста за поздрав живот?

Добивај вести на Viber

Колкав простор зазема здравата храна на социјалните мрежи и дали е тоа само уште еден од новите трендови што го диктираат денешното живеење, или вистински се буди свеста за поздрав и поактивен начин на живот? Колку нутритивната вредност придонесува одредени брендови да говорат и да го оформуваат животниот стил на потрошувачите? А, истовремено, и колкава е важноста да се влијае со изборот на квалитетни и проверени производи што промовираат здрав животен стил и придонесуваат за баланс во организмот? 

Сите овие прашања беа дел од панелот „Тренд: Food is the new fashion“ од годинешното издание на регионалната конференција „Профемина“, која обработува повеќе теми што ја засегаат модерната жена, а токму здравата исхрана навистина зазема сè поголем замав кога зборуваме за трендови.

И се наметнува прашањето: Дали компаниите што се производители на здрава храна воопшто им вршат едукација на своите потрошувачи за придобивките од неа или, пак, слепо се насочени кон продажбата, токму земајќи го предвид фактот дека функционалната храна станува принцип на модерно живеење?

Главен покровител на панел-дискусијата беше Баланс+ и не е случајно што токму овој бренд ја поддржува оваа тема. Тоа е бренд што придонесува за здрав стил на живот со точно дефинирана комуникација, која се фокусира на едукацијата на потрошувачите и на поттикнувањето активен начин на живот. Согласно комуникацијата, Баланс+ претставува вистински позитивен пример како успешните компании треба да ги едуцираат своите потрошувачи, а истовремено и да комуницираат со нив на социјалните мрежи.

„Неопходно е да се биде во чекор со времето и континуирано да се изнаоѓаат нови и современи начини, првенствено за правилна едукација за важноста на здравата исхрана, но, секако, и за воспоставување нераскинлива врска со потрошувачите преку континуирана транспарентна и двострана комуникација“, истакна на панел-дискусијата Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк, која истовремено потенцираше дека комуникација на Бимилк на социјалните мрежи, но и воопшто, е во насока на пласирање корисни информации што не се секогаш поврзани со производите, во смисла на комерцијална, продажна комуникација, туку целта е фановите вистински да се запознаат со важноста на правилната исхрана.

Меѓутоа, независно од едукацијата, она што е клучно е колку информациите вистински допираат до јавноста или сè поприсутните содржини на социјалните медиуми поврзани со здравата исхрана се само т.н. „помодарство“, односно да се биде „ин“?

Мислењата се поделени. Но, во секој случај, дури и содржините поврзани со здравата исхрана да се исклучиво поради следење некој тренд, сепак ни се во прилог на сите нам и значително придонесуваат за зголемување на свесноста кај останата публика за менување на животните навики кон здрав начин на живот.

„Компаниите, на некој начин, се обврзани и самите да влијаат со изборот на квалитетни и проверени производи што промовираат здрав животен стил и придонесуваат за баланс во организмот. Пред да посегнете по лекови, лекарите препорачуваат урамнотежена исхрана и воведување функционални производи што, покрај основната исхрана, имаат позитивен ефект врз здравјето. Добар пример за ова е јогуртот Баланс+, кој содржи посебна комбинација од пробиотици и влакна што влијаат делотворно врз дигестивниот тракт, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот“, рекоа од Бимилк.

Сепак, не смее да се запостави моќта на социјалните медиуми и влијанието што и самите корисници може да го извршат, кое неретко може да биде и негативно, односно погубно за компаниите. Социјалните мрежи се едни од најважните алатки во остварувањето директен разговор и интеракција помеѓу компаниите и потрошувачите. Тие се непресушен извор на информации што овозможува навистина да се чујат нивните ставови, мислења и желби, и тоа треба да се искористи за да им се пристапи. Дигиталните медиуми се едноставни но брзи, и не кријат тајни, а успешноста на Бимилк лежи, меѓу другото, и во таа двострана комуникација со потрошувачите.


„Ние сме отворена компанија, која преку социјалните медиуми води активна и пулсирачка онлајн комуникација со пошироката јавност. Ние ги споделуваме сите новости од работењето со нашите потрошувачи, ги слушаме нивните потреби и желби, критики или сугестии и, во комбинација со подлабоките анализи на пазарот, правиме опсежни анализи, ги разгледуваме пазарните можности, го унапредуваме своето работење, создаваме нови или ги подобруваме постојните производи и донесуваме добро осмислени бизнис-одлуки“, откри Полексена Јанкуловска.

И токму поради тоа што здравата исхрана зазема сè поголем простор на социјалните медиуми, било да е тоа поради тренд или, пак, вистинско негување здрав животен стил, социјалните медиуми треба да се третираат со голема сериозност и да се користат како многу моќна алатка, меѓутоа не само за пласирање информации, туку и за слушање на потребите на публиката. На тој начин, не само што едукативните содржини ќе стигнат до крајните корисници, туку, слушајќи ги потребите на потрошувачите, ќе може и вистински да влијаат врз менувањето на животните навики и врз зголемувањето на нивото на свесност за правилен, здрав и балансиран начин на живот.