Здрави и лесни закуски за целото семејство
Денес ќе ви дадеме неколку предлози за здрави и лесни за подготовка закуски за целото семејство.
Појадок: Пченкарни мафини со јогурт
Лесен рецепт кој им успева на сите, ќе уживате во овие солени залчиња.
Состојки: 2 чаши јогурт, (200 гр) пченкарно брашно, 1 чаша брашно, 3 јајца, 100 мл масло, сол, 1/2 пециво, 200 гр сирење, 200 гр. спанаќ, 200 мл јогурт, 200 мл млеко.
Подготовка: Во сад ставете го пченкарното брашно, јајцата, брашното, солта, маслото, сирењето, спанаќот кој претходно го обаривте и јогуртот и млекото.
Се тоа добро изедначете и ставете во калапи за мафини. Печете на 200 целзиоусови степени околу 30-40 минути додека убаво не поруменат.
Служете со јогурт или кисело млеко.
Најбрза и најздрава закуска: Јогурт и мали плодови
Јогуртот кој е богат со протеини станува уште поубав ако му додадете бобинки. Ние препорачуваме малини, бидејќи тие содржат голема количина на влакна во споредба со другите плодови.
Смуди за ден полн со енергија
Состојки: една рака спанаќ, една замрзната банана, 1 шолја јогурт, 2 лажички путер од бадем.
Сите состојки ставете ги во блендер. Измешајте ги додека не се направи мазна смеса. Пијте наутро или меѓу оброците.