Жена на месецот: Дана Стојкова-дамата која несебично помага секогаш

Добивај вести на Viber

Секој е силен на свој начин. 

Силните жени се природни феминистки. Тие се сметаат себеси за еднакви со мажите и немаат проблем да се борат за она во што веруваат. Тие ја прифаќаат нивната женственост и одбиваат да се задоволат со нешто помалку од она што го заслужуваат.

Што е потребно за една жена да биде силна? Ние припаѓаме на култура и општество каде жените сè уште не се еднакви со мажите, и тие често се воспитувани во средина која верува дека така треба да биде. Многу жени сè уште чувствуваат дека мора да ги слушаат мажите и да зависат од нив и да донесуваат одлуки врз основа на нивното мислење.

Сето горенаведено води до тоа жените да имаат потешкотии да постигнат независност подоцна во животот и поретко да го искажуваат своето мислење. Тие почесто се споредуваат со други луѓе, го намалуваат нивниот успех и се стремат да станат совршени и никогаш да не се задоволни со себе. Недостигот на самодоверба е само еден од факторите што ги кочи на патот кон успехот и остварувањето на нивните соништа. И сето горенаведено доаѓа од нивните основни верувања.

Меѓутоа, работејќи на себе, можеме да го надминеме она што нè учеле и како сме воспитани и на крајот да станеме ментално посилни, самоуверени и успешни. Ментално силните жени ги прават работите поинаку бидејќи живеат според нивните верувања кои се засноваат на нивните одлуки и навики.


Тие се оние кои можат да се видат на чело на успешните компании и често се меѓу најдобрите лидери кои успешно ги водат своите деловни тимови.

Женски магазин започна со претставување на дами кои се двигатели и најдобри во она што го создаваат и работат. За секој месец, до крајот на годината ќе ви претставуваме по една таква жена. 

Овојпат, жена за месец март ја избираме Дана Стојкова. Таа е Национален менаџер за продажба –во  Avon, а оваа титула ѝ припадна месецов токму поради она што го прави за жените. НЕСЕБИЧНО ИМ ПОМАГА НА НАЈНЕЗАШТИТЕНИТЕ. Оние кои се борат со насилство.

Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува!

Затоа Авон како компанија која ги поврзува луѓето, и е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование, континуирано поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите, и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност.

Оваа година, симболично само на ден после интернационалниот ден на жената, Avon Македонија повторно донираше износ од 1.500.000 ден. на кризниот Центар Надеж, за реализација на проектот ВИЕ ЗБОРУВАТЕ – НИЕ СЛУШАМЕ.  Средствата се собрани од продажбата на АVON производите означени со знакот за бесконечност - Стоп за насилство врз жени. 100% од профитот од овие производи е наменет за фондацијата Борба против семејно насилство.


*Дана Стојкова, вие сте Национален менаџер за продажба – Avon Македонија идол на многу жени. Колку сте горди на вашата работа и влијание кое Аvon го има на пазарот?

-Avon ме освои пред 18 години, започнав како првиот вработен на нашот пазар. Првите 8 години работев Маркетинг и ПР за потоа да се преориентирам во продажба. Благодарение на мојата компанија, успеав да добијам континуиран развој, да стекнам искуство во работење со повеќе различни пазари, да развивам следна генерација менаџери, додека учам од најпроминентните ментори кои ми беа доделени. Се гордеам со ова искуство кое од девојка која сонува да гради успешна кариера прераснав во жена, која има стратешка перспектива врз целокупниот бизнис, непроценливо искуство од повеќе области и бројни достигнувања кои произлегоа од работење со моите тимови.

*На кој начин им помагате на другите жени ?

-Грижата на Avon за подобрување на благосотојбата на жените се одвива преку 2 клучни иницијативи по кои нѐ познаваат: Борбата против рак на Дојка и Борба против насилство врз жени. Конкретно во Македонија, Во Борбата со рак на дојка имаме донирано повеќе од 50.000 Евра во изминативе 15 години, средства исклучително собрани преку продажба на производите со розова панделка. Во Втората наша заложба пак, Борбата против насилство врз жени, вклучува донации од речиси 30.000 евра досега. Со овие средства се потпомага и бесплатната телефонска линија за помош на жртвите од Насилство 15-315, во соработка со кризниот центар НАДЕЖ.

*Според вас, како општеството може да создаде услови за заштита на жената?

-Првата работа која сметам дека треба да се застапува е можност за еднаква заработка за жената како и мажот ( EqualPay). Родовата нееднаквост одразена во иста позиција, а различна плата, сметам дека е првото нешто кое треба да се елиминира за финансиското осамостојување на жените. Исто, ако не и повеќе важно е да се обезбеди експедитивна постапка кај насилството врз Жени. Сведоци сме на сѐ почести ситуации каде жените и децата се жртви на насилство и тука се бара извонредна брзина и скратена процедура, за да се отстранат од насилникот, тој сериозно да се санкционира и побрзо да се згрижат. 


*Според вас, кои се принципите на патот до успех за една современа жена?

-Сметам дека нема формула или правило за некоја жена да стане успешна. Мене лично, интегритетот, конзистентноста и истрајноста ми се принципи во кои верувам дека многу придонесуваат генерално во сите човечки релации. Во комбинација со голема страст кон тоа што некој го работи, може да создадат успешна приказна.

*Каде ја насочувате енергијата кога не сте фокусирани на работата? Како се релаксирате?

-Моите 5 годишни синови умеат да ми одземат, но и да ми дадат голема енергија. Кога времето ми го дозволува тоа, вежбам пилатес или орбитрек. И ќе изумев, добар филм или серија, добро ми доаѓаат откако ќе заспијат децата.


*Откријте ни една ваша особина/способност или талент поради кои добро ја вршите вашата работа?

-Ефикасно корситење на ресурсите, без оглед дали се тоа луѓе, време, буџети. Искрено верувам дека многу е важно да се има предвид целта за која било работа. Во однос на тоа се користат ресурсите. А не колку нешто да се сработи.


Ирена Ставрова

ФОТО: Приватна архива