Жена со најмногу стил во Македонија за 2021 е Првата дама: Елизабета одржа лекција по софистицирано облекување
Велат дека убавината е во окото на набљудувачот... Ние ќе додадеме дека многу е битно кој набљудува? Но кога повеќето ќе се согласат дека нешто вреди, тогаш треба и да се истакне!
За стилот сме зборувале безброј пати! И секогаш сме потенцирале дека добриот стил се гради и се одржува во континуитет.
Таков континуитет, беспрекорно презентиран, совршено направен, скоро безгрешен стил во 2021 година го имаше првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.
Им се воодушевувавме на Меланија Трамп и Брижит Макрон, ама имавме можност таква восхит да изразиме и за Елизабета. Таа демонстрираше софистицираност и одмереност, точно знаеше што и прилега според конституцијата и титулата, а облеката ја носи самоуверено и автентично- само на начин својствен за неа.
Уверете се и сами од фотографиите! Гледате во една дама која стилот на жените на претседателите (барем кај нас) го подигна повисоко на неколку нивоа!
Каде и да се појавела до сега, на свечени приеми, протоколарни настани, на официјални посети на други земји и буквално секаде, таа едноставно плени со стилот.
*Р.Ж.М.
*Фото: @elizabetagjorgievska / Вангел Тануровски