Жената која е институција на убавината се појави во секси издание, а од глетката на оваа дрскост мажите „полудеа“: Сите се едногласни- вака изгледа одлично

Добивај вести на Viber

Манекенката Ирина Шајк вчера го украде шоуто на премиерата на „Nightmare Alley“ во Њујорк! Ирина се појави во неверојатно секси, по малку андрогено издание, а како и обично го привлече вниманието на сите не само поради оваа предизвикувачка комбинација, туку и поради посебната енергија со која зрачи.

Убавата Русинка се појави како поддршка на  својот поранешен партнер Бредли Купер, кој ја има главната улога во ова остварување. Ова ги подгреа шпекулациите за нивното помирување, особено што холивудскиот актер во интервју за „Ентертејнмент викли“ изјави дека поддршката на Ирина е „посебна“.

Инаку, веќе некое време се шпекулира дека поранешната двојка се смирила, со оглед на тоа дека во неколку наврати се видени заедно. „Ирина и Бредли веќе некое време имаат одлична врска бидејќи го негуваат принципот на заедничко родителство. Двајцата ја сакаат Леа многу и сакаат да бидат за неа најдобри можни родители. Распоредот на Леа бара Ирина и Бредли да поминуваат многу време заедно“, рекол извор за американските медиуми. 

Ирина на премиерата блесна во модерна и атрактивна комбинација - избра женски костим со малку лежерен крој во црна боја со дискретни бели пруги. Познатата 35-годишна девојка се одлучи за мачо стил, но го „скрши“ со женствени детали како вамп црвен кармин и црни кожени салонки со вртоглаво високи потпетици.

Манекенката носеше и црна мала чанта со златен синџир, но и прилично груб детаљ - под сакото не носеше блуза, туку кожен корсет со ленти, беше со навистина длабоко деколте и кој откри многу. 

Ирина во ова секси парче ги покажа градите, бидејќи не носеше градник. И иако целата комбинација е многу слободна и храбра, таа сепак успеа да не изгледа вулгарно. 


Фото: Профимедиа

Јавниот живот не ја интересира, живее во Русија и чува кучиња: Вака изгледа родената сестра на Ирина Шајк