Жената од насловната страница на „Вог“, всушност, не постои: Луѓето гледаат маѓепсано во нејзините сини очи без да ја знаат вистината за неа

Добивај вести на Viber

Жената која е на насловната страница на сингапурското издание на „Вог“ всушност не постои и е вистинска слика за нашата сегашност, а уште повеќе предзнак на иднината.

Моделот на насловната страница има прекрасни сини очи кои хипнотизираат. Вистината зад фотографијата...

Оваа жена е производ на вештачката интелигенција и првиот модел со вештачка интелигенција во светот. Вог ја започна кампањата „Корени“ за да истражи како ќе изгледаат традиционалните симболи во иднина.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Singapore (@voguesingapore)


Одговорите беа понудени од вештачката интелигенција, а се беше надгледувано од креативниот директор Варун Гупт.


Новиот број на сингапурски „Вог“ всушност го красат три модели на Ал, аватари, со кои овој моден магазин покажа дека е во чекор со трендовите. Вештачката интелигенција станува се повеќе дел од нашата реалност, а многумина предвидуваат дека ќе ја одбележи ерата пред нас.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Singapore (@voguesingapore)


„Придружете ни се во моментот кога модата се среќава со револуцијата на вештачката интелигенција. Добредојдовте во Altiverse“, пишува на Инстаграм профилот на магазинот.


Фото: Инстаграм