ЖЕНИ СО НАЈМНОГУ СТИЛ: Овие трикови ги користат Французинките за совршен изглед
Tие се наши омилени дами од стил и се што е поврзано за нив - од мода, преку стил и совети за убавина, ние го обожаваме.
Постојат модни парчиња, акцесоари и мејк ап рутини кои моментално не упатуваат на стилот на Французинките: црно-бели пруги, тесни фармерки, балетанки, црвени баретки и црвен кармин.
Дамите во Франција се вечни музи на стилот и тоа пред се поради својата непосредност, природнот и ноншалантност и без разлика на тоа дека светот се повеќе се врти околу Италијанките ние се враќаме на изворот на женственост со кој маѓепсуваат Французинките.
Незадолжителниот шик во нивното изведување не е само инспирација, туку начин на живот кој скоро секој од нас сака да го копира.
Несовршеност
Строго испеглана гардероба, перфектно стилизирани локни, кармин кој завршува точно на рабовите на усните - се ова и вака спакувано нема да го видите на Французинките. Тие се залагаат за стилска ноншаланција и успеваат во тоа . Тие со гардероба која овозможува лежерност и опуштеност, не учат дека е сосема совршено да се биде несовршен.
Минимална шминка
Француската мантра на совршено шминкање се однесува на свежина. Свеж и природен изглед никогаш не излегува од нивна мода, а шминката треба да биде што поумерена, едноставна и природна. Гласаат за неутрален руж, нежно руменило во бои на праска и задолжителна маскара.
Црвен кармин
Тоа е таа стилска искра, моден кец од ракав кој го изведуваат убавите дами од Франција и е наменет за вечерни излегувања. Неретко во своите чанти имаат само кредитна картичка и црвен кармин.
Персонализиран накит
Правилото „помалку е повеќе“ важи за секоја Французинка. И по прашање на накитот, се определуваат за проверен минимилизам, но е персонализиран така што секое парче е уникатно. Неретко на врат се носат дискретни ланчиња со своето име или името на драга личност, а се во цел на едноставноста.
Бела кошула
Ова класично парче добива и нова смисла кога го понесат Французинките - ќе ги завиткаат ракавите до лактите, ја подигнат вратоврската и само предниот дел го вовлечат во фармерките.
Разбушавена коса
Французинките пуштаат косата да се исуши природно, дури и не користат чешел и на тој начин ги добиваат оние секси бранови кои го прават секој нивен изглед неодолив.
Чаша вино
Во стилот на овие убави дами, мора да го завршиме овој текст така што ќе кренеме чаша вино! Во нивниот случај, чаша вино се подразбира со ручек или вечера и е дел од нивната култура и секојдневна рутина.