„Жените над 40 години не смеат да носат фармерки и да имаат долга коса“: Познатата дизајнерка ги навреди сите што се облекуваат вака
Каролина Херера, една од највлијателните модни дизајнерки и
сопственичка на успешна линија парфеми, има многу остар моден став кога се во
прашање жените и носењето одредени модни парчиња во триесеттите и
четириесеттите години. Две работи се на списокот на Херера - не, никако.
Каролина Херера, која е одговорна за безвременските модни парчиња и елеганцијата на која ја изгради својата империја, ги сподели своите лични впечатоци, кога се во прашање жените, а е неприфатливо.
Имено, ако ја прашате Каролина, носењето фармерки во триесеттите е нешто што стилски не е прифатливо. Нејзината изјава дека не е соодветно да се носат фармерки во триесеттите беше тема на разговор, особено поради модерната мантра дека секој треба да го носи она во што се чувствува добро.
Друга работа што е неприфатлива за Херера е „лудата“ долга коса доколку имате над 40 години.
„Жената мора да старее достоинствено и не треба да се обидува да изгледа како карикатура. Гледам многу жени на улица кои имаат премногу долга коса, екстензии и носат кратки здолништа. Кога ќе ги погледнете одзади може да помислите на секакви работи, но кога ќе се свртат кон вас - помислувате, ооо баба“, рече Херера.
Модната дизајнерка вели дека не треба да се следат трендовите.
„Не верувам во трендовите бидејќи трендовите се причината поради која сите изгледаат како да се во униформа. Излегува нешто ново и сите носат исто“, рече Херера.
Од друга страна, голем број дизајнери се залагаат секој да си најде свој стил без разлика на возраста, должината на косата или тежината. Важно е да се чувствувате добро, иако Херера има поинакво мислење.
Фото: Youtube - screenshoot