Жените се подобри возачи од мажите

Речиси и да нема маж кој не ѝ упатил негативен коментар на жена зад воланот. Но, едно истражување покажа дека тие се подобри возачи дури и на авто-трките. Научници од Универзитетот во Мичиген направиле истражување во кое учествувале жени и мажи. Ги споредувале нивните отчукувања на срце, телесната температура и стресот кој предизвикува голема топлина.

- Напорот кој предизвикува покачена температура е најголем предизвикувач на стрес за време на возењето, а со оглед на фактот што кај жената за време на месечниот циклус телесната температура е повисока, се покажа дека тоа не влијае на нивните способности зад воланот. Погрешна е претпоставката дека тие се тогаш поуморни и потенцијално поспори или дека дури и претставуваат опасност за другите учесници во сообраќајот - објасни Дејвид Фергусон, водачот на истражувачкиот тим кој 15 години ја проучува физиономијата на жените возачи на авто-трки.

Тој смета дека после сите тестови, со сигурност може да се каже дека жените зад воланот се снаоѓаат подеднакво добро или дури и подобро од мажите.