Женски магазин директно од Белград: Ерос Рамацоти брилира, публиката во транс

Италијанскиот поп-рок музичар, пејач и текстописец, Ерос Рамацоти го одбележа своето големо враќање со новиот албум „BATTITO INFINITO“, истоимената светска турнеја, а во моментов одржува грандиозен концерт во Белград во Штарк Арена.

Женски магазин е на концертот и можеме да забележиме дека неверојатната енергија што ја има, ја понесува целата публика која ужива во песните на хит мејкерот.

Инаку, неверојатна авантура, светската турнеја наречена „BATTITO INFINITO“ започна во септември 2022 година и ќе трае до мај 2023 година. маестралниот Ерос веќе одржа концерти за паметење во Атина, Верона, Севиља, и го продолжува своето музичко патување во Америка.