Женски магазин резимира: Како се менуваше стилот на македонските политичарки за овие пет години?

Добивај вести на Viber

Од самиот почеток на формирањето на Женски магазин па до денес, кога овој месец славиме 5 години јубилеј, често го оценувавме стилот на облекување на нашите политичарки. Не само што дававме соодветна критика која ја формираа еминентни наши познаници на модата, туку и на своевиден начин се потрудивме да посочиме на одредени недостатоци или едноставно да пофалиме. 

Но интересно е тоа што за овие 5 години, поголемиот број од жените политичарки во Македонија биле на функција или во политичките води многу мал период, не успеале да задржат континуитет во работата или да ја задржат државничата функција. За разлика од мажите политичари кои „владеат“ и по дваесет години и не се менуваат.

Континуитетот во работата и посветеноста во политиката го задржаа овие три дами за кои пишуваме денес. Децениските политички ангажмани ни овозможија да ги видиме и преку стилот- нешто кое не може да се заобиколи кога сте јавна личност. А, тие најчесто со облеката беа на висина на задачата. Од пред 5 години па до денес, не се промениле премногу стилски, но евидентно е подобрувањето. Тоа не се којзнае какви модни изблици во стилот на најдобро облечените светски политичарки, но простор за моден маневар имаше. 

Во контекст на ова, најголем акцент ставаме на Радмила Шеќеринска од редовите на СДСМ. Често ја имавме во нашиот магазин како најдобро облечена наша политичарка и тоа не го намали низ годините. Еве како еволуираше нејзиниот стил:

Доследноста на својата стилска автентичност ја зачува и Ане Лешкоска од ВМРО ДПМНЕ. Кај неа е евидентен специфичниот физикус, посебно јаките црти на лицето и кадравата коса, па некако облеката паѓа во втор план. Тоа не значи дека за ове 5 години не изгледала привлечно со она што го носи.

Теута Арифи од Дуи преферира класика и елеганција, па на таков начин се обиде да ѝ се допадне на публиката. И не погреши. Секогаш дисциплинирано облечена, со вметнување на колорит или марама и без претерано китење.

 Небојша Толески

Фото: Фејсбук