Женски парфеми кои ги привлекуваат мажите: Може да имате 100 различни мириси, но на овие 3 сите паѓаат

Добивај вести на Viber

Од сите наши секојдневни козметички производи, парфемот претставува нешто многу полично. Најверојатно веќе знаете дека еден парфем нема да мириса исто на две личности, колку и да се слични. Хемијата на нашето тело е единствена, па со самото тоа, на единствен начин ги обработува сите состојки кои парфемот ги содржи, претварајќи ги во алхемија од ноти и мириси, кои нè опиваат, нè мамат, нè привлекуваат.

Исто така, мирисот има важна улога во заведувањето, и не е на одмет парфемот да ви биде долготраен, како и да знаете кои ноти најмногу ги привлекуваат мажите. Ако сте помеѓу страствените љубителки на парфемите и мислите дека вашата колекција излегува од контрола, една ТикТокерка има доволно парфеми со кои може да им парира и на најопремените дрогерии.

Порано оваа година таа стана вирална кога на своите следбеници им ги прикажа шишенцата со парфеми кои ги поседува во својата колекција.

@hebesy

Why do guys love the sweet perfumes? #perfumetiktok #perfume #sweetperfume #blackopium #ysl #goodgirl #arianagrande #sweetlikecandy #fragrance

use this sound if your gay -

Во едно видео кое е прегледано повеќе од 3.7 милиони пати, жената откри дека од сите тие мириси кои ги има, постојат само 3 на кои мажите не можат да одолеат. Напиша: „Кога имате огромна колекција на парфеми, но момците ги признаваат овие три“.

1. Black Opium, YSL

Прв е Black Opium Yves Saint Laurenta. Овој парфем е фаворит кај многу девојки и има основни ноти на кафе и пачули, кои го надоградуваат мирисот на круша и мандарина.

2. Good Girl, Carolina Herrera

Вториот парфем кој го истакнува оваа обожавателка на скапи парфеми е Good Girl“ од модната куќа Carolina Herrera. Тој има ноти на бобинки и јасмин со дрвен тон. Да не зборуваме за дизајнот кој изгледа како вистинска декорација за секое женско катче.

3. Sweet Like Candy, Ariana Grande

Третиот парфем кој доби пофалби во видеото е Sweet Girl Candy, мирисот на Ариана Гранде, кој е достапен и во дрогериите. Горните ноти се капинки, круши и бергамот, додека освновните ноти се ванила и кашмир. Освен тоа, и други споменаа дека имале слично искуство со парфемот на познтата пејачка.

Сѐ уште немате ниту еден од овие парфеми? Тогаш упатете се во една од најголемите дрогерии Cosmo сигурно ќе ги најдете. А, доколку имате потврдено дека на вашето тело му одговараат некои други ноти и мириси, разгледајте го декемврискиот леток на Cosmo и погледнете кои парфеми се на акциска цена овој месец, можеби ќе го најдете совршениот парфем за вас по акциска цена.

* ПР - објава

фото: FREEPIK/ FREEPIC.DILLER