ЗГАСНА ЉУБОВТА НА ПОЗНАТАТА МАНЕКЕНКА И ПЕЈАЧ: Џиџи Хадид повторно е „singl“

Добивај вести на Viber

Манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик раскинаа после две години забавување, пренесоа светските медиуми.

Двојката се огласи на социјалните мрежи и потврди дека е крај.

„Нашата љубов беше неверојатно значајна. Одлуката да се разделиме беше многу тешка“, напиша Малик поранешниот член на One Direction, на социјалните мрежи.

„Џиџи има неверојатна душа и секогаш кон неа ќе имам неверојатна љубов и почит“, додал тој.

Тие беа во врска од крајот на 2015 а се запознаа на снимањето на песната на Зејн "Pillowtalk".