,

Згодниот модел и актер се заканува да ве шармира за минута: Дали веќе сте заљубени во Али од „Срцето на градот“?

Добивај вести на Viber

Нова примамлива приказна и нова љубов за понежниот пол. Турскиот заводник Керем Бурсин е Али во новата серија „Срцето на градот“ и овој згоден модел и актер се заканува да ве шармира за минута.

Керем Бурсин е турски актер, модел и продуцент. Роден е на 4 јуни 1987 година во Истанбул и има само една сестра, Мелис. Поради работата на неговиот татко, Керем живеел во многу земји. Кога имал 12 години, неговото семејство се преселило во САД. Меѓу причините за својот успех, Керем секогаш посебно ја издвојува поддршката од неговото семејство. 

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


Ја започнал својата кариера како актер во 2006 година. Сега е еден од најплатените и најбараните актери во Турција. Очигледно е дека стекнал големо искуство и углед. Неговата вредност се проценува на околу 4,6 милиони американски долари. И покрај огромниот успех, тој постојано ја надградува својата извонредна актерска вештина. 

Уште од своите училишни денови, тој бил многу активен на полето на актерството. Учествувал во многубројни престави во своето средно училиште во САД, па дури и неколку пати освоил награда за најдобар театарски глумец. Подоцна се доусовршил на колеџот Емерсон каде што дипломирал маркетинг комуникации. 

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


Нешто што дефинитивно сите девојки сакаат да го знаат е неговиот љубовен статус. Одамна беше во врска со турската актерка Јагмур Танрисевсин, а потоа и со друга турска актерка Серенај Сарикаја. Деновиве тој поминува многу време со Ханде Ерчел во која се вљубил на снимањето на серијата „Чукни на мојата врата“. Парот објавува многу заеднички слики на своите Инстаграм профили. 

View this post on Instagram

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)


View this post on Instagram

A post shared by Hande Erçel (@handemiyy)


Од крајот на јануари се дружиме со Керем кој целата своја заводливост ја покажува во улогата на Али Смит во новата серија „Срцето на градот“ на Дизи каналот. 

„Срцето на градот“ е приказна за Али, убав морнар, израснат на товарен брод од страна на Рауф, кој го спасил како дете откако и двајцата биле сведоци на убиството на неговата мајка - од рацете на неговиот татко. Рауф не се грижи само за Али, туку и за екипажот на бродот и тој со љубов е нарекуван нивната „мајка“. 

Израснат на море, Али се уште е преплашен да се врати на своите корени во Истанбул и да се соочи со траумата предизвикана од смртта на неговата мајка, дури и по 20 години. Сè се менува кога еден ден ќе биде принуден да излезе од бродот и ќе се сретне со заносната балерина Дерин. Тие веднаш се вљубуваат, но нивната врска го тера Али да ја „брка“ својата љубов низ градот за да ја спаси од сите закани. 

„Срцето на градот“ можете да ја гледате секој ден од 19:15 на Dizi