„Живеам во харем со 147 жени и чекам да ме пуштат на прошетка“: Некогашната мис на Југославија сакрастично за својот брак
Јелена Бин Драи често е мета на злонамерни коментари поради бракот со богат шеик, а сега иронично одговараше на прашања за нејзиниот брак.
Поранешната мис на Југославија, Јелена Бин Драи често била мета на критики за нејзините животни одлуки.
Иако е опкружена со гламур и го живее сонот на многу жени, таа постојано наидува на злонамерни коментари бидејќи се омажила за шеикот Саид Бин Драи.
Јелена живее во Дубаи повеќе од десет години, а богатството на нејзиниот сопруг се проценува на две милијарди долари. Во бракот со Саид, има четири деца, деветгодишната Асија, една година помладата Хилал, шестгодишниот Хамдан и бебето Рашид.
Неодамна во интервју за Телеграф таа откри како се справува со бројните навреди и стереотипи за живеење во харем.
„Да бидам искрена, да фрлав камен на секое куче што лае по мене, немаше да стигнам далеку“, рече поранешната мисица, сега успешна претприемачка, која ги коментираше и коментарите за тоа како живее во харемот.
„Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е Султан Величествениот, тоа веќе го знаете, а за среќа има уште 147 жени и не морам да го трпам и да го гледам секој ден за време на оваа пандемија“, рекла Јелена низ смеа, па откри како изгледа нејзиниот живот во Дубаи.
„Кога не се занимавам со сопругите на султанот и ми остануваат час или два слободно време, тогаш под „Бин Драи Капитал“ го водам здравствениот сектор, IT-Tech start-up секторот, градинка и неколку други компании.
Понекогаш се занимавам и со деца, само да се сетам која им е мајка. Тренирам, а навечер шетам на плажа кога ќе ја отклучат оградата од мојот златен кафез“, изјави во свој стил поранешната манекенка.
Успехот, тврди таа, е единственото нешто што луѓето никогаш не го простуваат, па одговори на прашањето дали мисли дека поради тоа е мета на критики.
„Не сум сигурна на каков успех мислиш. Бизнис или за што добро се омажив?“, прашала Јелена, која еднаш годишно ја посетува родната Србија. Со оглед на тоа што поради фактот дека е мажена за муслиман, наидува и на навреди на сметка на исхраната, тоа духовито го прокоментира и Јелена.
„Во Србија доаѓам кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога посакам свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова“, заклучува таа.
Извор: wanted.mondo.rs
Фото: инстаграм