Животното осигурување штити и штеди: со вложување на 180 евра годишно, може да заштедите солидна сума на средства
Дали сте се запрашале некогаш колку средства можете да заштедите, доколку секоја година вложувате 180 евра? Oсигурувањето на живот не е недостижно ниту за една индивидуа и со редовни примања нема оправдување да не биде навреме договорено.Современиот начин на живот секојдневно носи новипредизвици и неизвесности. Решение за овие предизвици е животното осигурување,кое во денешно време нѝ е потребно повеќе од кога било.
Полисата за индивидуално животно осигурување е еден од најдобрите финансиски производи и е единствениот што овозможува комбинација на штедење и осигурување, а обезбедува заштита од финансиски загуби што можат да настанат како резултат на несакани настани.Комбинација од трите неопходности што ни се потребни и се наш штит наспроти неизвесноста на иднината и тоа што ни носи животот.
Предноста на животното осигурување е што со склучување на полисата ќе почувствувате олеснување знаејќи дека парите што ги ставате настрана ќе ве заштитат вас и вашите најмили во случај на несакани настани. Колку порано ќе почнете да размислувате за иднината и дел од парите ќе ги одвојувате за животно осигурување, толку полисата ќе биде поповолна, а собраните средства можат да ви послужат за најразлични цели: покомфорен живот, школување на децата, купување автомобил, обнова на домот и др.
Полисата за индивидуално осигурување на живот го има водечкото место во портфолиото на Кроација Осигурување - Живот, претставувајќи најатрактивна комбинација од карактеристики и придобивки кои вклучуваат: сигурен облик на штедење со истовремено осигурување; загарантирана исплата на парични средства по истекот на осигурувањетo;финансиска сигурност за вас лично и за вашето семејство;можност да создавате капитал за Вашите идни планови;брза исплата при настанување осигурен случај, како и капитал за кога ќе се намалат приходите, особено по одење во пензија.
Индивидуалното животно осигурување на Кроација е временски неограничено, а осигуреници можат да бидат лица од 14 до 65 години, а траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години. Премијата може да се уплаќа месечно, квартално, полугодишно и годишно, минималната годишна премија е 180 евра, а се нуди и можност за договарање пензиска рента.
Кај овој вид осигурување постои и можност за вклучување дополнителни осигурувања, како од незгода, дополнително ризико осигурување или дополнително здравствено осигурување од тешки болести, од малигни болести, или во случај на оперативни зафати. Полисата опфаќа и осигурително покритие на ризикот од смрт на осигуреникот предизвикан од Ковид-19.
Со право се смета дека животното осигурување е мудра одлука. Да ја донесеме навреме, со цел подобро да се заштитиме себе и нашите најблиски.