ЖИВОТОТ Е НЕПРЕДВИДЛИВ
Се
израдував. Дури и ми годеше заповеднички тон на Марко. Знаев дека еден без друг
не можеме, а и денов ќе ни заврши убаво. Не се јавив кај Весна бидејќи знаеше
дека сум со Марко. Сакав овој романтичен миг со Марко да не го прекинувам.
Почна да врне дожд. Тивко, полека. А ние двајцата прегрнати и занесени во љубовни зборови под тој ситен романтичен дожд. Искрената љубов секогаш е придружена со романтичен дожд или со романтичен снег. Наеднаш, ми се подобри расположението, добив енергија, елан и полет.
Влеговме дома. Немаше никој. Родителите, навистина, имаа некогаш обврски и мораше да излезат, но чудно ми беше што сестра му никогаш не беше дома, но не сакав да прашувам да не ми замери Марко.
Без да размислам уште од врата почнав да му го откопчувам шлицот и наскоро пред моите очи се појави неговиот сочен „примерок“. Се наведнав и почнав манијачки да му го цицам. Ми се чинеше дека долго време не сме воделе љубов. Марко почна да се поти. Истрчав и го отворив прозорецот. Дождот што паѓаше совршено се совпаѓаше со нашата желба за водење љубов. Бев незаситна. Марко ме покани, а јас имав поголема желба за водење љубов. Изгледа и целодневната вознемиреност ми влијаеше.
Како и да е, откако со задоволство му го исцицав, почнав занесено да се набивам врз него. Марко ми ги бакнуваше рамената и градите. Цел се тресеше. Јас го држев за неговите рамена и ритмички се нишав. Врескав, стенкав, почувствував дека е крај, доаѓа оргазам. Заедно свршивме соединувајќи се во голема прегратка. Топли и водени од потта, која ни се сливаше, влеговме и се истуширавме. Топол туш ни требаше за да го измие денешниот стрес. Се истуширавме и си легнавме.
Утрото кога станав го погледнав мобилниот. Се јавив кај Александра. Ми делуваше смирено и рече дека ќе дојде сама во фризерскиот салон. Тргнавме и ние. Сакав дома заедно со Марко да пиеме кафе, но се премислив затоа што сакав да ја видам Александра. Марко, исто така, брзаше да се види со Велибор и да се договори за свадбата. Кога влегов во салонот, беа Весна, Миа и Александра и две девојчиња, кои доаѓаа на практика. Девојчињата ги вратија за попладне. Требаше да ја заменат Александра, но таа дојде.
Александра делуваше смирено, имаше една мала доза на вознемиреност, но не во таа мера колку што очекувавме. Цело утро молчеше, а ние не се осмелувавме да ја прашаме.
По извесно време, таа сама почна да раскажува. „Искрено, вчера кога ми се јави Велибор сакав да одам да се фрлам в река. Но, прво вие, а посебно Весна многу поучно ме советуваше. Вчеравечер дома, мајка ми продолжи да ме советува. Може јас бев љубоморната личност во нашата врска, но тоа беше поради тоа што тој беше незаинтересиран. Од почеток беше многу затрчан, но како поминуваше времето, врската не се движеше. Велибор беше ладен и како да чекаше јас да заминам. Можеби затоа што излегол од една врска и влегол наеднаш во друга или едноставно не ме сакал. Знам дека направив грешки, но сè беше мојот страв да не ме напушти. Синоќа размислив за сè и сфатив дека подобро е вака. Најдоброто решение е неговата женидба и тоа што чекаат заедничко дете“.
Таа прекина и почна да плаче. Сите бевме пријатно вчудоневидени од нејзината храброст. Весна рипна, ја прегрна цврсто, со солзи во очите и искрено проговори: „Александра ти си храбра девојка. Јас сум изненадена од твојата смелост. Многу си јака, реална и зрела. Сосила ништо не се може. Така требало да биде. Но, ти си млада и животот е пред тебе. Овај немил настан ќе те боли и пече, но веруваме дека ќе најдеш сила и ќе пребродиш сè. А ова искуство да ти биде поука за друг пат да не се залетуваш. Скоро секој човек поминува низ некоја грозна етапа од својот живот, но тоа е искуство. Некогаш ќе се смееш на ова. Ќе ти биде како лош сон“. Станавме и ние, и ги прегрнавме. Бевме како споен синџир. Овие моменти на поврзаност остануваат врежани во душата засекогаш.
Потоа, се јави Марко. Велибор решиле да се венчаат в странство и таму ќе си најдел кум. Уште подобро. Александра ни беше како сестра и не сакав да учествуваме во неговата женидба. Попладнето ја зедовме Александра на гости кај нас. Моравме извесно време да припазуваме на неа. Таа беше разумна и реална без обѕир што и беше тешко, овој тежок животен период ќе го преброди полесно отколку што очекувавме.
Велибор за неколку дена замина, а јас не успеав да се поздравам со него. Марко ги испрати на аеродром. Таа приказна заврши.
Другите денови поминуваа без некои настани. Одевме на работа и деновите летаа. Започна студентската година. Повторно се сретнавме сите на факултет и почнавме да одиме на предавања.
Една ноќ ме разбуди плачење. Весна плачеше и липташе силно што не можев да ја разберам. Само викаше: „Ах, Боро, Боро!!!“ Беше во шок. Почна да зборува но не можев да ја разберам. Станав и ѝ удрив шлаканица да се смири и да се освести. Таа си дојде на себе и почна да ми раскажува: „Сестро, знаеш дека повеќе од два месеци го нема Боро? Знаеш ли што му се случило? Боро и жена му биле излезени, биле во еден трговски центар да купуваат гардероба. Тој си купил фармерки, а нејзе не ѝ се допаднале. Почнале да се караат и Боро не ја видел кривината пред нив и се превртиле“.
„А Боро?“ ја прашав вознемирено. На Весна гласот почна да и се тресе кажувајќи: „Боро бил повреден. Бил во кома и кога се освестил не можел да стане. Нозете му биле неподвижни. Најверојатно, нема да може да се движи. А таа останала жива и без гребнатина“. Весна продолжи да плаче, а и јас со неа. Набргу, продолжи: „Сестро, Боро е многу добар, учтив, културен и умее да сака. Затоа плачам. Ми рече, ако не може да ги движи нозете, ќе остане со жена му таа да се грижи за него бидејќи таа е виновна. Родителите многу плачеле и се каеле што не му дозволиле да се разведе од неа. Но, сега е доцна за сè“.
АНОНИМНА