Животот не ме галеше: Момо Николовски проговори за болеста

Веста за болеста на фолк-пејачот Момо Николовски ги потресе неговите колеги кои организираат хуманитарен концерт за да му помогнат да ги собере потребните пари за лекување во странство.

Николовски боледува од канцер на желудникот и потребни му се околу 25 илјади евра за понатамошно лекување.

На 17 февруари, од 18 часот, во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе се одржи хуманитарен концерт наречен „Узун за Момо“. На концертот ќе настапат : Уни бенд од Валандово, Јасмина Гуњова, Кирил Узунов, Горан Симевски и Кристијан Демјански, Бранко Коловски, а водител е Катерина Стојановска-Десковска. Влезот на концертот ќе биде бесплатен, а присутните ќе помогнат за лекување на Николовски преку кутии за донација. 

Најголемата поддршка му е сопругата.- Момо со Валбурга Батева Николоска

“ Веста за сите беше голем шок, одекна како бомба кај најблиските, но јасно ми беше дека следува период на борба и ја прифатив доста сталожено“, изјави пејачот за „Фокус“.  Тој е оптимист дека ќе ја побди болеста. 

„ Сме надминале многу проблеми, животот никогаш не не галел многу. Кога се враќам наназад, за себе можам да кажам дека секогаш сум бил одговорен во врска со здравјето, никогаш не сум консумирал алкохол, дури и не го поднесувам, а веќе неколку години не пушам. Но, она за кое што сметам дека во најголема мера допринело да се разболам е шеќерот. Јадев многу, навистина премногу благо, исто така внесував и многу млечни производи. Секако и стресот има голема улога, но според мене, дефинитивно слаткото е најголемата причина за мојата болест“, додал Никиловски. 

Оние кои се во можност, можат да донираат на сметката 300 007032927321 Комерцијална банка, на име Момир Николоски, или на телефонските броеви за донации, на ВИП 143 462 и 143123 на Т-Мобиле.