Златна есен со „Bella“: Есенска елеганција со која ќе бидете запаметени во светот на модата
Загарантирана златна есен со новата колекција на „Бела“ .
Есенската мода дефинитивно ни недостасуваше, а сега кога конечно, и официјално есента ни дојде, дозволете ни да ви ја претставиме новата колекција „Есен Зима 2021 - Голден“ на вашиот омилен македонски моден бренд „Бела“, со која дефинитивно ќе имате златна есен.
Новата колекција на „Бела“ изобилува со златни парчиња кои ја враќаат есенската елеганција на големата модна врата, а истите се доминантни, впечатливи, софистицирани.
1. Златен мантил „Мантил Голден“, уникатно
дизајнерско модно парче кое прави да се истакнете во толпата. Во него ќе ја почувствувате вистинската есенска магија, и вие, и оние околу вас, а можностите за комбинирање на истиот се неограничени - што прави да го сакаме уште повеќе.
2. Комплет здолниште и палтенце од букле - стилска структура и ткаенина која ве обвиткува во удобност и топлина, а сепак ќе изгледате модерно и софистицирано. Комплетите од букле се апсолутен тренд во светот на есенската мода, покрај тоа бесконечни се можностите за нивно одделно комбинирање. Комплетот може да го комбинирате со неколку блузи од колекцијата Голден, но највпечатлив е изборот на златна блуза.
3. Златен фустан од ламе со кој вистински ќе заблеската оваа есен. Елегантен и женствен крој проткаен со златни конци во кој ќе се чувствувате моќно и доминантно како што и секоја жена заслужува. Затоа не се двоумете и направете еден смел и храбар чекор со кој ќе бидете запаметени во светот на модата.
4. Црн комплет палто „Голден“ со панталони за безвременска и елегантна комбинација за свечени прилики. Доколку сакате да играте на сигурна карта, ова е вистинскиот избор за вас. Но, за да го разбиете есенското сивило и монотоност, ви предлагаме комплетот да го комбинирате со анимал кошулата која е 100% вискоза.
5. За крај секако неминливото модно парче кое е асоцијација за есенската мода - капут. Ви го претставуваме долгиот волнен „капут Голден“ со кој ќе ја „зачините“ секоја модна комбинација оваа есен. Женствен, елегантен, совршено скроен за секоја жена.
фотографии: Марко Маркоски
модели: „Моделс Ин“