Значаен раст на новозаболени од коронавирус: Скопје - жариште
Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на ковид-19, информира министерот Венко Филипче. Од новите дури 24 лица се од Скопје, а 14 се од Штип, 12 од Тетово.
- Скопје 24
- Куманово 2
- Штип 14
- Тетово 12
- Струга 4
- Велес 1
- Гостивар 3
- Кочани 1
- Валандово 1
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (60г.) примен во болницата на 22 мај. Евидентиран е пациент од Гостивар (64г.) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 29575 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега во рамките на скринингот се направени 3723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2226, бројката на оздравени пациенти е 1552, на починати е 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.
Денеска Мухамед Зекири соопшти дека позитивни се на Ковид-19: тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка