Знаци од смртоносниот рак се јавуваат на ноктите: Ова се промени кои не смеете да ги игнорирате

Добивај вести на Viber

Промените во вашите нокти можат да бидат предизвикани од голем број проблеми и иако тие обично не се нешто за што треба да се грижите - тие можат да бидат смртоносни.

Субунгвалниот меланом е редок вид на рак на кожата кој се јавува на кожата под ноктите.

Д-р Реј Каран рече дека темната лента на ноктот може да биде предизвикана од нешта како што се инфекции, несакани ефекти од лекови, траума и згрутчување на крвта. „И една посебна причина е редок тип на рак на кожата наречен меланом“, рече тој. Тој објасни дека субунгвалниот меланом е редок и се јавува кај околу еден процент од сите случаи на меланом.

Луѓето може погрешно да помислат дека имаат само модринки на ноктите или дека воопшто не ја забележуваат промената. Ноктот може да има црна или кафена лента, одвоена од подлогата на ноктот, да крвари, може да биде тенок или испукан или да има модринка што не исчезнува и покрај растењето на ноктот. Кожата околу ноктот исто така може да потемни. Д-р Каран рече дека овие траги не се секогаш знак за рак и дека ги има и кај луѓе со потемна кожа.

Постарите луѓе обично се повеќе изложени на ризик, а најмногу се погодени жените во 60-тите и мажите во 70-тите. Затоа е многу важно да внимавате доколку забележите дека ноктот ја менува бојата, станува закривен, почнува да се одвојува или се појавува црвенило или оток.