Знаење или диплома?

Добивај вести на Viber

Едни од најчестите прашања што ги добивам секојдневно во Creative Hub се „Дали е дипломата признаена?“, „Дали со оваа диплома ќе ме вработат?“, „Дали е сертифицирана Академијата?“ и слично. Па потоа дискусијата најчесто се одвива во овој контекст:

Јас: Дали сте дипломирале на Факултет?

Клиент: Да.

Јас: Дали добивте диплома?

Клиент: Да

Јас: Дали со таа диплома Ве вработија?

Клиент: Не, па Факултетите кај нас не нудат работа.

Јас: А за која позиција аплициравте?

Клиент: За дигитален маркетинг специјалист. Ама незнам ништо од дигитален маркетинг, а завршив маркетинг на Економски.

Јас: Во ред, значи Вам Ви се потребни знаења да работите дигитален маркетинг, а не диплома за посетуван курс по дигитален маркетинг.

И да не должам многу, сакам да се осврнам на синдромот, диплома, сертификат и вработување. Накратко, не постои диплома или сертификат што ќе Ве вработи. Постои знаење што можете да го покажете и да ја добиете работната позиција. Бидејќи голем дел од искуството го стекнав во странска корпорација, би сакала да претставам како се врши интервју за вработување. Добиваме околу 100 аплканти, најчесто 80% ги повикуваме на интервју. На интервјуто прашањата се следните: Аплицирате за позиција дигитален маркетинг специјалист. Имате буџет од 10.000 ЕУР месечно и таргет од 50.000 ЕУР месечно. Каква стратегија ќе употребите за да го потрошите буџетот и го надминете таргетот?

Тука, ниедна диплома или пак сертификат не може да ги одговори прашањата за Вас. Единствено може да се потпрете на Вашето знаење. Со ова сакам да испратам една порака до сите оние кои во процесот на избор на образование размислуваат, изборот да го дадат на програма што ќе им даде знаење, отколку на најчести маркетиншки игри на зборови, како „сертифицирана“ и слично.

Исто така сакам да напоменам дека по завршувањето на сите курсеви и Академии во нашиот тренинг хаб, се добива диплома на англиски и на македонски јазик, но она што мене ми значи е доколку сите учесници добијат знаење и не им треба диплома да покажат за да го верифицираат тоа.

Аријана Коскарова, ко-основач Creative Hub

Forbes 30 Under 30, Europe 2019