Знаете ли како да ја смирите наелектризираната коса?

Добивај вести на Viber

Отидовте на работа, убедени дека фризурата ви е стабилна, а потоа сфаќате дека изгледате како глуварче! Да, сите ние сме се нашле барем еднаш во оваа ситуација, и тука се и некои совети кои ќе ви помогнат да се спречи наелектризираната фризура.

За почеток, обидете се да ја измиете косата со шампони кои не содржат сулфати и не миете ја косата со топла вода. По шампонирање и примена на регенератор, користете ја најстудената вода за последно плакнење, бидејќи ја затвора кутикулата и ја спречува наелектризираноста.

Кога сушите коса со крпа, нежно тапкајте и апсорбирајте вода, бидејќи со агресивно триење, само ќе ја „налутите“ косата.

Исто така, не заборавајте да користите производи за заштита на вашата коса од висока температура и дополнително сушење.

И за крај, регенераторите и маските што ги користите треба да бидат за сува коса. Тие ќе ви помогнат да ја повратите влагата и еластичноста на косата и да спречите формирање на иритирачки, ефект на наелектризирана коса.