Знаевте ли дека миењето на лицето може негативно да влијае врз океаните и морињата?

Добивај вести на Viber

Кога микропластиката почна да се појавува во препаратите за туширање, чистачите за лице и  пастите за заби, таа вети одлична ексфолијација и длабинскo чистење на целото тело. Со текот на времето, сепак согледавме дека овие ситни парчиња микропластика прават повеќе штета отколку добро: станаа токсични за морињата, океаните и целиот воден свет.

Што се случува сега?

Во САД и во Канада се воведе забрана која стапи на сила на 1 Јули 2018, која го забранува производството, увозот и продажбата на производои кои содржат микропластика. Тоа е голема победа во борбата за заштита на океаните, морињата и цел животински свет во нив.

Микропластика, се многу мали ситни честички кои се користат во различни козметички препарати за лице и тело. Бидејќи тие се премногу мали за да се филтрираат преку водните системи, тие завршуваат во океаните морињата и во телото на животните кои живеат во нив. Кога еднаш ќе навлезат во морињата, повеќе не се разградуваат и остануваат на дното на морињата се додека не бидат проголтани од морскиот свет. Овие пластични честички исто така делуваат и како сунгери, впивајќи токсини илјада пати повеќе од водата околу нив. Еднаш изедени овие честички може да поминат во ткивото на рибите и останатиот морски свет, завршувајќи во синџирот за исхрана.

За среќа лесно достапни се производите во кои се користат природни состојки, така што нема да имате потешкотии со пронаоѓање на еколошки производи кои ќе ја остават вашата кожа да изгледа свежа и чиста. Ќе најдете мелени бадеми, мелен азуки грав, мелен ориз, палента шеќер, морска сол во Lush прозиводите како Angels On Bare Skin, Let The Good Times Roll, Mask Of Magnaminty, Scrubee,Buffy и Ocean Salt. Од глава до пети можете да ги отстраните сите нечистотии за да добиете здрава и негувана кожа. Откога ќе се измиете со овие производи, нивните природни состојки ке се распаднат без да го нарушат нашиот екосистем.

Состојките кои прават пилинг не се единственaта микропластика која е заканувачка за нашите водни патишта: светките и сјајот се исто така опасни. За светките и сјајот кои се користат  во Lush производите, целосно e отфрлена микропласиката и е замнета со синтетичка мика. Добавувачите  на состојки вредно и напорно работеа за развивање на алтернативи без пластика во Lush производи, правејќи ги целосно безбедни за околината.

Сѐ што ќе измиеме од нашето тело и лице, на крајот ќе заврши некаде во нашиот еко систем – а во случаите на неразградлива микропластика тие остануваат засекогаш во водниот екосистем.. Така што збогувајте се со микропластиката и бакнете ги пластичните светки за збогум!

И запамтете, козметиката со природни безбедни состојки кои е полесно да се најдат, ќе ја остават вашата кожа чиста, омекната и нахранета.