Зошто цел свет повторно зборува за белиот шешир на Меланија Трамп

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп објави дека организира аукција на белиот шешир што го носеше за време на посетата на Макрон на Белата куќа во 2018 година. Цената на култниот додаток е изгор.

Меланија најави дека на аукцијата покрај шеширот ќе има и акварел од уметникот Марк Антоан Куломб.


Од нејзиниот кабинет тврдат дека дел од приходот ќе одат за иницијативата на поранешната прва дама „Биди најдобра“, но не е јасно колку од сумата ќе биде донирана.

View this post on Instagram

A post shared by Melania Trump Stylebook (@melaniatrump.style)



Централниот дел на аукцијата е бел шешир направен по мерка. Шапката е создадена за Меланија од нејзиниот личен стилист, Ерве Пјер, за да се вклопи во костумот на Мајкл Корс од 2.105 долари што Меланија го носеше за да ги посети Емануел и Брижит Макрон во Белата куќа.

Посетата на францускиот претседател и неговата сопруга беше прва официјална државна посета на странски лидер по победата на Трамп, а се случи во април 2018 година.

View this post on Instagram

A post shared by Melania Trump Stylebook (@melaniatrump.style)



Почетната цена на предметот на аукцијата е 250.000 долари.

Зошто Меланија го донира шеширот?

Многу први дами донираат значајни парчиња облека или други лични предмети поврзани со историски моменти на Претседателската библиотека или други институции или организации.

Она што првата дама го носеше за одредени официјални прилики, како што е државната посета на француското претседателско семејство, станува дел од историјата и се смета за опипливо богатство за хрониката на американската политика.


На пример, неколку предмети од гардеробата на Жаклин Кенеди се дел од изложбата во Претседателската библиотека и музејот Џон Ф. Кенеди.


Фото: Инстаграм-Принтскрин