Зошто е добро да јадете сладолед?
Некои истражувања тврдат дека калциумот условно ја смалува калориската вредност на сладоледот, која изнесува од 125 до 300 калории на 100 грама. Но, тоа не значи дека со редовно јадење сладолед вие ќе ослабете.
На возрасните луѓе им е потребно околу 1.000 милиграми калциум дневно, а трудниците и децата имаат поголема потреба од овој минерал. Благодарение на млекото кое е основна и најважна состојка, сладоледот добро ќе ви послужи како еден од изворите на калциум, но и на витамините А и Б.
Со јадењето овошен сладолед кој се прави од смрзнато или свежо овошје ги внесувате неоппходните витамини во вашето тело, а оние со вкус на кафе или чоколадо го осигуруваат внесувањето на антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето и крвните садови и го зајакнува имунолошкиот систем.