Зошто е добро да одите на море?
Престојот на плажа го зголемува чувството на среќа, добар е за општото здравје и ги подобрува мозочните функции.
Морската вода содржи минерали како магнезиум, калиум и јод, кои му помагаат на организмот подобро да се избори со инфекциите, а вдишувањето на морскиот воздух ни помага подобро да заспиеме, велат експертите.
Истражувањето „Коби“ направено на универзитет во Јапонија, покажа дека луѓето кои живеат во куќа со поглед на море се многу посмирени во однос на останатите, а едно британско истражување утврди дека луѓето кои живеат близу до море се физички и ментално поздрави.
Клиничкиот психолог Ричард Шустер објасни дека тој „зен“ е чувство кое го имаме додека сме на плажа и кое се појавува како последица на повеќе работи, а не само поради тоа што преку сончањето примаме витамин Д.