„Зошто мојата седа коса е проблем, а на Клуни не? Позната актерка ја нападнаа бидејќи не се фарбра, а сите треба да ги слушнат нејзините зборови
Познатата актерка Енди Мекдауел беше нападната затоа што не ја бојадисува својата седа коса, а таа јасно им одговори на сите
Добро е познато дека стареењето, брчките и седата коса не им се простуваат на славните актерки и пејачки во Холивуд, дури и најчестото сценарио е дека всушност познатите дами поминуваат низ страшна тортура од морничави коментари, брутални прозивки и навреди.
Токму тоа на својата кожа го почувствува актерката Енди Мекдауел (64), чиј заштитен знак беше заводливата кафена коса со бујни локни. Таа денес гордо ја носи седата коса и е подеднакво убава и плени, но има и такви кои ѝ замеруваат.
Никој не го избегнал стареењето и седата коса, па повторно, тое е сè уште се табу. Така, дури и Мекдауел, беше советувана од менаџерите повторно да ја обои својата седа коса. Актерката, сепак, остана упорна да дозволи нејзината природна коса да расте.
„Моите менаџери всушност ми рекоа: „Не е време“, а јас одговорив: „Мислам дека не сте во право, ќе бидам помоќна ако се прифатам себеси“, беше отворената ѕвездата.
„Добронамерниот“ совет дошол откако решила да не ја фарба косата и пред големи настани како Оскарите и слично. Сепак, таа истраја на тоа и никогаш не зажали за одлуката.
„Кога го направив тоа, ми беше толку јасно дека моите инстинкти се во право бидејќи никогаш не сум се чувствувала помоќна. Се чувствувам поискрено. Се чувствувам како да не се преправам. Се чувствувам како да се прифаќам себеси таму каде што сум. Се чувствувам удобно. И на многу начини, мислам дека тоа е повпечатливо на моето лице. Само чувствувам дека ми одговара“.
Актерката инспирацијата ја пронашла токму во жените надвор од јавната сцена, а признала и дека многу страдала затоа што постојано се очекувало да изгледа младо. Меѓутоа, сега конечно ѝ е доста.
Таа без двоумење зборуваше за лицемерието во Холивуд, поради што седата коса кај мажите е плус, како што е случајот со Клуни, но истото право, достоинствено стареење, им е одземено на жените.
„Ние сакаме постари мажи. Ги сакаме мажите како што стареат. Застанете и размислете како размислуваме за зрелите мажи и како размислуваме за зрелите жени и навистина почнете да оценувате што зборуваме и што очекуваме. Мораме! Има промени што треба да се направат за мојата генерација и за следната генерација жени. Сакам само луѓето да размислат за тоа, тоа е сè“, заклучи убавата актерка.
Извор: stil.kurir.rs