Здравје // Совети
Зошто по 14 часот не треба да пиете кафе?
Кофеинот е супстанца која делува како стимулатор на централниот нервен систем и затоа има моќ да ве „разбуди“ наутро и да ви го стартува мозокот за работа.
Прекумерното конзумирање на кофеин, односно повеќе од 400 милиграми или повеќе во денот, сериозно го пореметува спиењето.
Не конзумирајте кафе после 14 часот. Ова ќе ви помогне да го исфрлете кофеинот од организмот додека да дојде време за спиење и ќе ви овозможи подобро да заспиете и да имате длабок сон со што подобро ќе се одморите.
Обидете се да пиете кафе во помали чаши. Ако го направите ова, можеби ќе дознаете дека ви помага и пиењето на помала количина на кафе, а доколку се навикнете на помалата чаша кафе, тогаш автоматски во текот на денот ќе конзумирате помалку кофеин.