Зошто жените ги изневеруваат мажите? Гоца Тржан призна што ја навело на овој драстичен чекор во љубовта
Пејачката се издвојува по својата непосредност, аргументи, но и суровата искреност која често ја изнесува во јавноста.
Познатата пејачка со неверојатна енергија Гордана Гоца Тржан со колегата Махир Мулалиќ и актерот Душан Каличанин беше дел од емисијата „Контрашоу“ каде помеѓу останатото зборуваше за неверството кое ѝ се случило во љубовта, а потоа даде и конкретно објаснување зошто жените се подготвени за ваков чекор.
„Само ќе кажам, како и сите жени кои сакаат тоа да го признаат, не ги изневеруваат мажите затоа што се заљубени. Тоа голема заблуда, жените треба да бидат искрени една кон друга, а потоа и кон нивните маченици затоа што изневериле. Прво треба да им објаснат што прават погрешно, а второ поради што ги изневеруваме“ - истакна Гоца, а потоа наведе две причини за неверство.
„Прво ни фали внимание, бидејќи секоја жена ужива во сето она што доаѓа пред сексуалниот чин, често жените се занемарени во врската. Тоа може да биде многу интимно чувство. Втората причина е одмазда. Мажите кога се караат, тие се тепаат, додека жените се поперфидни. Го паметат она лошото што мажот им го направил.“
Нејзината отвореност, искреност и прецизност често наидуваат на спротивставени коментари преку социјалните мрежи, но Тржан не умее да биде поинаква и со години се води од постулатите долго вткаени во нејзината личност.
Со сопругот Раша Новаковиќ пред неколку години се решија да снимаат приватно реално шоу кое ќе ги следи дневните активности на овој интересен пар, а често во кадрите се појавуваше и наследничката Лена, која не е љубителка на јавниот живот без конкретна причина.