Животна училница // Приказни
Актерката Костадинка Велковска: „Поради тумор на тироидната жлезда можев да умрам и на спиење“
„Тумор на тироидната жлезда сум имала година дена пред да биде откриен. Често бев уморна, а штом ќе прозборев ќе почувствував замор. И мислев дека тоа е затоа што многу работев а нередовно и нездраво се хранев, раскажува Костадинка Велковска (69). Актерката не забележала ниту најмала промена на вратот, ништо не се видело ниту можело да се напипа. Да почувствувала каква било грутка, би реагирала. А дека има големи здравствени проблеми со тироидната жлезда тешко, би сфатила сама“ раскажува актерката со македонски корени за 24sata.hr.
„Бев без енергија, брзо се заморував кога зборував. Се сеќавам, таа 2003 година, работевме на претставата со Паоло Магели. Им кажував на колегите дека ништо не ме боли, но дека не ми е добро. Во текот на претставата ми ставаа шешир и одеднаш ми се слоши. Мислев дека ќе се онесвестам“, се сеќава Костадинка.
Веднаш утрото во петокот отишла кај цитолог и лекарката и рекла дека има тумор на тироидната жлезда. Бил свртен кон внатрешните органи, затоа тешко говорела.
„Лекарката истиот ден ме испрати да се јавам во Институтот за тумори. Многу се исплашив- раскажува Костадинка. Во Институтот и рекле дека мора на итна операција. Дури тогаш, вели се престрашила бидејќи мислела дека има некоја страшна болест, а лекарите не сакаат да ѝ кажат. Ја оперирале во понеделникот и потоа и извадиле само едно парче. Кога се било готово, лекарот и рекол дека дошла во последен момент бидејќи поради големината на туморот можела да почине на спиење.
„Ми падна голем камен од срце. Во текот на тие неколку дена на неизвесност ниту плачев ниту очајував. Дури кога ми ги извадија дреновите и ми рекоа дека се е во ред, се расплакав. До тогаш се држев и со заби и раце. Хормоните пред операцијата беа во ред па не добив никаква терапија бидејќи другото парче ја презеде целосната функција на тироидната жлезда. Дома ме пуштија без лекови, но и денес морам редовно да одам на контроли кај докторката Динка Куштер“, задоволно вели актерката.
Целата приказна прочитајте ја на 24sata.hr тука.
foto: Robert Anić/Pixsell