Чистењето на куќите за жените е еднакво лошо како да испушат кутија цигара дневно, покажува најновото истражување. Интересно, податоците покажале дека такви последици за мажите нема.
Истражувањето се темели на податоци за 6 235 жени и мажи чија состојба е проверена по 20 години. Испитаниците се прашани дали чистат по дома или дали работеле како чистачи/чистачки. Се истражувало и колку често користеле средства за чистење и спрејови.
Истражувањето покажало дека жените кои чистеле, без разлика дали било по дома само еднаш неделно, или како професионални чистачки, имале забрзано намалување на капацитетот на белите дробови, пишува Дејли меил.
Иако очекувале спрејовите да имаат поголемо влијание, резултатите покажале дека нема поголеми разлики меѓу нив и течните детергенти. Намалувањето на функциите на белите дробови за двете групи може да се спореди со пушење на 20 цигари дневно 10 до 20 години. Затоа авторите на студијата предупредуваат дека чистењето кај жените може да претставува ризик за болести на дишните патишта.
Објаснувајќи го влијанието на хемикалиите од средствата за чистење на бели дробови, истражувачите рекле дека помали воспаленија во текот на низа години може да доведат до трајно оштетување на дишните патишта, а трајни оштетувања може да произлезат и од постојана изложеност по почетокот на астма поврзна со чистењето.