Убави дами, од денес имам чест, мојата огромна љубов кон храната, да ви ја пренесам и вам. Ајде да готвиме, лесно е и секогаш многу поздраво!
Решив да започнам со овој рецепт бидејќи мојата тригодишна ќерка обожава секаков вид на леб, банани (самата се нарекува Лана - банана) и путер од кикиритки. Таа е мојата најголема инспирација да испробувам рецепти кои пред се сѐ здрави, но и хранливи.
Уште од мали нозе моите родители се трудеа да се храниме со домашна природна и здрава храна, можеби затоа и јас се трудам, моето семејство да се храни квалитетно. Притоа внимавам посебно на Лана, бидејќи имунитетот се гради од мали нозе во кујна, а не во аптеки! И секако мојот маж е професионален спортист кој сака и има потреба за здрава и правилно избалансирана храна, подготвена дома.
Па убави мои приберете ги вашите коси, раскомотете се, заврзете една комотна престилка и почнуваме.
Потребни состојки:
2 поголеми банани (460гр.)
300 гр. Јачменови снегулки
15 гр. Чиа семе
100 гр. Темно чоколадо 72% какао
80 гр. Путер од кикиритки (домашен)
1 прашак за печиво
60 гр. Грчки јогурт
60 мл. Мед
60 мл. Кокосово масло
2 јајца
Вклучете ја рерната на 180 степени целзиусови. Тавчето за печење пожелно е да е помало, но подлабоко (18×12цм). Обложете го со хартија за печење.
Во блендер или мултипрактик сомелете го овесот заедно со прашокот за печиво и прстофат сол. Потоа истурете го во сад и додадете ги чиа семето и сечканото чоколадо.
Изблендирајте ги бананите заедно со путерот од кикиритки, медот, кокосовото масло и грчкиот јогурт.
Смесата истурете ја врз сувите состојки и промешајте неколку пати, додадете 2 јајца и мешајте рачно додека добиете хомогена смеса.
На крај истурете ја смесата во веќе подготвеното тавче и печете околу 50тина мин или проверете со чепкалка. Ако таа е сува, лебот е готов.
[gallery size="full" ids="1417,1419,1418"]
Bonne apetit
Мали совети:
Маслото може да се замени со кое било масло.
Медот може да се додаде во поголеми количини, доколку сакате да биде поблаго.
Овој рецепт може да се менува со додавање на јатки или суво овошје.
За Женски Магазин готви Маја Зивчевиќ