Бидете секогаш над другите

Добивај вести на Viber

Секогаш ќе се најде некој, кој ќе те притисне и ќе го исцеди последниот атом сила од тебе. Кога си добар, често те поистоветуваат со наивен, па те користат секогаш кога ќе помислат. Но, тоа е далеку од вистината. Добрина без интелигенција не е добрина. Добрината и интелигенцијата се најмоќната сила. Не се откажувајте од критериумите кои си ги поставивте, без разлика колку и да ве наговараат да ги спуштите. Кога ќе сфатите дека некој ја користи ваша доброта, насмејте се и дајте му до знаење дека ја разбирате играта која ја игра. Покажете дека не сте некој кој може да го вртат околу прстот., туку сте личност која секогаш е во потрага по најдоброто во секоја личност, без разлика кој е и каков е. Дајте до знаење дека лесно може да се завртите и да заминете, но тогаш единствената личност која може да изгуби е тој кој лаже. Не се откажувајте од своите идеали. Луѓето кои се настојчиви во сништата се луѓето кои го менувале светот, го направиле подобар. Срцето на еден човек може да го смени само личност која го сменила своето срце, која се издигнала од светот над материјалните интереси, го погледнала животот подлабоко, во неговата целина. Тоа е личност која се соочила со завист, љубомора и целта негативност во себе и сфатила дека тоа е само кочницата за нејзин развој. Кога си добар, секогаш ќе се најде некој да те гази. Но, издигнете се на тоа. Покажете дека разбирате многу повеќе од тоа што го кажувате, дека сте посвесни од што забележуваат, дека сте слободни во своите одлуки. Не дозволете да ве гази кој било, но не обидувајте се да ги газите другите. Таа рамнотежа е мудроста на животот.