Битола и Арачиново добија жена градоначалник

Добивај вести на Viber

Битола и Арачиново се општините кои ќе бидат управувани од жени. Во игра е и Македонска Каменица, но таму одлуката ќе се знае по вториот круг. Наташа Петровска победи во Битола и ќе биде првата градоначалничка по 12 години владеење на Владимир Талески. Таа е родена на 18 декември 1971 година во Битола. Беше професор по математика во техничкото училиште во Битола и координатор на советничката група во Советот на општината. Миликије Халими ќе управува со Арачиново. Таа е родена и живее во Арачиново. Халими дипломирала на Педагошкиот факултет и е мајка на две деца.

И Македонска Каменица има потенцијал да биде водена од градоначалник жена. Вториот круг ќе ја провери оваа можност.

За Женски Магазин, Вики Чадиковска